„Топчиите“ само до бод со Брајтон

Арсенал не успеа да освои три бода на гостувањето кај Брајтон, ремизирајќи 1-1. Домашниот тим ја прекина серијата од три порази, а „топчиите“ не успеаја посериозно да се доближат до третопласираниот Манчестер сити, кој сега им бега шест бода.

Пјер – Емерик Обамејанг во седмата минута го доведе Арсенал во водство, но Јурген Локадија израмни во првиот дел, по една груба грешка на одбраната на противникот. Тој излезе сам пред Бернд Лено, го мина и голманот, и лесно ја затресе мрежата. „Топчиите“ се обидоа да стигнат до триумф, но не успеаја во тоа.

Се вчитува...