„Топчиите“ славеа во Сиднеј, Лаказет дебитираше со гол

На Александр Лаказет не му беше потребно многу време за да ги израдува фановите на Арсенал, откако францускиот ас во својот прв меч за „топчиите“ веднаш се запиша меѓу стрелците. Арсенал денеска се сретна со Сиднеј во својот прв меч од турнејата во Австралија, тимот на Арсен Венгер триумфираше со 2-0, а вториот погодок беше дело токму на засилувањето од Лион, кое пристигна за сума од 60 милиони евра.

Само 12 минути по влегувањето во игра во второто полувреме, Лаказет одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и ги постави конечните 2-0, откако претходно првиот гол беше дело на Пер Мертесакер уште во првото полувреме.

All Goals and Highlights – Sydney 0-2 Arsenal… by Enteritamenttv

Се вчитува...