„Топчиите“ со три гола ја освоија Прага за максимален ефект во ЛШ (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал со три гола во Прага, триумфираа над Славија и дојдоа до максимален ефект во Лигата на шампионите, четири победи од четири натпревари, и повторно чиста мрежа.

„Топчиите“ поведоа во 32. минута со гол од белата точка. Прецизно го изведе Сака кој го донесе Арсенал во предност, која беше актуелна на паузата.

Само што почна вториот дел, Мерино го постигна првиот од двата гола по асистенција на Тросар од десната страна. Мерино вториот гол го постигна во 68. минута по асистенција на Рајс, и грешката на домашниот голман Марковиќ. 

Се вчитува...