Торес доби суспензија од пет меча, Мељичи три натпревари поради инцидентот на дербито

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги објави казните за случувањата по завршувањето на мечот меѓу Вардар и Шкендија од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Фудбалерот на „црвено-црните“, Јоакин Торес е казнет со пет меча суспензија. Од друга страна фудбалерот на тетовци Анес Мељичи доби казна од три меча.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението од Дисциплинската комисија на ФФМ:

– Торес Јоакин Едуардо, фудбалер на ФК Вардар, се казнува со забрана за настап на 5 натпревари, поради добиен црвен картон на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија.

– Анес Мељичи, фудбалер на ФК Шкендија, се казнува со забрана за настап на 3 натпревари, поради добиен втор жолт, односно црвен картон, на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија.

– Рама Ландрит, фудбалер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за настап на 1 натпревар, поради добиен втор жолт, односно црвен картон, на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Скопје и ФК Струга Трим Лум.

– ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 1.000 евра, поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група „Комити“ на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија.

– ФК Брегалница 2008 се казнува со парична казна во висина од 600 евра, поради користење пиротехнички средства од страна на нивната навивачка група на натпреварот од 1. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Брегалница 2008.

Се вчитува...