Торино успеа да го земе скалпот на Милан и се вмеша сериозно во трката за пласман во Лигата на шампионите. „Биковите“ сега имаат 56 бода и го прескокнаа Милан, искачувајќи се на петтата позиција на табелата, со два бода заостанување зад четвртопласираната Рома, на четири кола до крајот на шампионатот во Серија А.
Андреа Белоти во 58.минута од пенал го отвори резултатот во корист на домашниот тим, а Алехандро Беренгер во 69.минута го потврди триумфот на Торино.
„Росонерите“ во финишот останаа со играч помалку поради исклучувањето на Ромањоли. Милан со 56 бода се наоѓа на шестата позиција на табелата во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА