Торино на “крилјата” на Белоти со пресврт го “сруши” Милан

Продолжува лошиот старт на Милан во новата сезона од Серија А, запишувајќи го и третиот пораз во 5.коло од шампионатот.

“Миланезите” со пресврт загубија со 2-1 на гостувањето против Торино, и покрај тоа што имаа предност од 0-1 на полувремето.

Милан поведе во 18.минута со голот на Пјонтек од пенал, но во второто полувреме Андреа Белоти со два гола во 72. и во 76.минута донесе пресврт триумф за својата екипа.

Се вчитува...