Торино не успеа да триумфира: Милан се спаси од „биковите“ (2-2)

Торино не успеа да се реваншира за елиминацијата од Купот на Италија против Милан и вечерва ремизираше со 2-2 на домашен терен со гигантот од Милано. Тимот на Синиша Михајловиќ имаше фуриозно прво полувреме, кога преку Белоти и Бенаси, Торино имаше позитивен резултат (2-0), а во 32-та минута, Лјајиќ прапушти идеална шанса од пенал, да го зголеми резултатот.

„Росонерите“ во првото полувреме не успеаја да направат никаква посериозна шанса, а во вториот дел заиграа подобро и тоа веднаш вроди со плод. Андреа Бертолачи во 55-та минута намали на 2-1. Само пет минути подоцна, тимот од Милано доби пенал, а прецизен реализатор беше колумбискиот напаѓач Карлос Бака.

Во 74-та минута од натпреварот, Бертолачи имаше шанса да постигне втор погодок, но неговиот удар не беше прецизен, а на самиот крај од мечот Ромањоли доби втор жолт картон и нема да биде во составот за дербито против Наполи во наредното коло.

16.01.2017 HD by footballderby

Се вчитува...