Торино обоено во црно-бело, Јуве е во полуфиналето од Купот на Италија

Јувентус e последниот полуфиналист во Купот на Италија откако „старата дама“ славеше во вечерашното градско дерби против Торино со 2-0, продолжувајќи ја одбраната на трофејот во ова натпреварување.

Алегри го почна мечот без Гонзало Игуаин, но тоа не се одрази врз играта на „старата дама“, која доминираше во текот на целиот натпревар и заслужено дојде до победата. Резултатот го отвори Даглас Коста со силен и прецизен удар од петнаесетина метри во првото полувреме, а на 2-0 зголеми Марио Манџукиќ во вториот дел.

Гостите бараа голот на Хрватот да биде поништен поради прекршок во раната фаза од акцијата, но судијата и по прегледување на снимката со ВАР реши погодокот да биде признаен. На ова бурно реагираше тренерот Синиша Михајловиќ, кој заработи исклучување.

Јувентус во полуфиналето ќе се сретне со Aталанта, додека во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Милан и Лацио.

Се вчитува...