Торино се жали: Лече доби пенал, нели правилата треба да се исти за сите…

Матијс де Лихт беше херој на градското дерби со Торино, но холандскиот ас имаше и огромна помош од судиите, кои не покажаа на белата точка по неговото очигледно играње со рака во сопствениот шеснаесетник во првото полувреме.

Холанѓанецот за идентична ситуација беше санкциониран со пенал на претходното гостување против Лече, но овојпат судиите останаа неми, дури и по прегледување на снимката со ВАР. Затоа, челниците на Торино гласно реагираа по вчерашниот натпревар.

„Некој треба да ни објасни за правилата за пенал, дали се исти за сите или не. Бевме сведоци како беше досуден пенал за идентична ситуација против Јувентус на дуелот со Лече. Сега го видовме истото, но судиите решија да не покажат на белата точка“ – истакна директорот на Торино, Антонио Коми.

 

Се вчитува...