Торонто го остави Бруклин на нула, Денвер не може да ја запре Јута (ВИДЕО)

Актуелниот НБА шампион, Торнто без многу мака се пласираше во втората рудна во Источната конференција од разигрувањето во НБА лигата откако четвртиот натпревар од серијата од првото коло со Бруклин го доби со убедливи 150-122 и со максимални 4-0 оди во следната фаза од плеј-офот.

Таму ќе се соочи со Бостон кој исто така во првата фаза од плеј-офот беше убедлив и без пораз го мина двобојот со Филаделфија. Норман Пауел со 27 и Серж Ибака со 27 поени беа лидери во победата на Торонто, Паскал Сиакам уфрли 20 поени. Кај Бруклин, Карис Лаверт имаше одлично издание, но попусти беа неговите 35 поени.

Јута е не чекор до пласман во вторто коло од плеј-фот во Западната конференција откако поведе со 3-1 во победи во серијата против Денвер. Ова откако во мечот број четири славеше со 129-127. Во израмнетиот натпревар двете екипи имаа по две четвртини, Јута беше најубедлива во тртиот сегмент и тогаш направи разлика за тирумф која Денвер се обиде, но не успеја да ја достигна во последниот период.

Средбата беше комплетно под знакот на Донован Мичел и на Џамал Мареј. Мичел постигна 51, а Мареј 50 поени и станаа првите кошаркари од противнички екипи кои постигнале 50 плус поен на меѓусебен натпревар. За Мичел ова е втор дуел од серијата  во разигрувањето на кој постигнува 50 или повеќе поени.

Се вчитува...