Торонто и Денвер израмнија во серијата: Јокиќ одличен за триумф над ЛА Клиперс (ВИДЕО)

Торонто и Денвер израмнија во серијата против Бостон односно ЛА Клиперс во синоќешните натпреварот од НБА плеј-оф разигрувањето.

Торонто славеше со 100-93 против Бостон израмнувајќи на 2-2 во полуфиналето на Истокот. Најефикасен на натпреварот  со 24 поени и 10 скока беше Татум од Бостон селтикс, додека во победничкиот тим со 23 и 22 поени најмногу покажаа Сиакам и Ловри.

Денвер, пак, благодарение на одличната прва четвртина која ја доби со 44-25, на крајот победи против ЛА Клиперс со 110-101, па израмни на 1-1.

Сосема очекувано, најдобри во победничкиот тим беа Мареј и Јокиќ. Канаѓанецот постигна 27 поени, додека српскиот кошаркар мечот го заврши со 26 поени и 18 скока.

Кај ЛА Клиперс со 22 поени најефикасен беше Џорџ. Леонард постигна 13 поени, дополнети со 10 скока и осум асистенции.

Се вчитува...