Торонто на чекор до конференциско полуфинале на Истокот

Актуелниот шампион во НБА лигата Торонто Репторс го доби и третиот натпревар со Бруклин Нетс во серијата од првото коло од плеј-офот од Источната конференција. Торонто откако се мачеше во вториот меч овојпат стигна до рутинска победа од 92-117.

Паскал Сјакам со 26 поени и Фред ван Флит со 22 беа најдобри поединци во победничкиот табор, додека кај Нетс Тајлер Џонсон го заврши натпреварот со 23 поени.

 

Се вчитува...