Торонто влезе како седми носител во плејофот на Источната конференција, но репторси јасно ставија до знаење дека немаат намера да се предадат во серијата со Кливленд кавалирс. Иако Кливленд ги доби првите две средби, Торонто одговори на идентичен начин, славејќи на двата меча што ги одигра во канадската метропола.
Третиот дуел заврши со убедлив триумф на „рептилите“ од 126-104, па кошаркарите на Торонто преполни со самодоверба влегоа во денешниот четврти дуел што по голема борба го добија со 93-89. Одбраната беше клучен фактор на овој натпревар, а избраниците на тренерот Рајаковиќ беа поприсебни во клучните моменти, израмнувајќи на 2-2 во серијата.
Барнс и Инграм беа најефикасни кај канадскиот тим со по 20 постигнати поени, додека по 19 поени за Кливленд реализираа Мичел и Харден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
