Тоше Ончев е ново засилување на ГРК Тиквеш

Македонскиот ракометен суперлигаш, Тиквеш денеска го промовираше Тоше Ончев за свое најново засилување во трката за што подобар пласман следната сезона на домашен план.

Ончев во Кавадарци доаѓа од редовите на МКК Куманово каде ја мина последната сезона. Претходно во Македонија, настапуваше и за Вардар, Пелистер, Работнички, Охрид, Голден Арт…

Во странство беше дел од словенечки Тримо Требње, шпански Новас, како и француските Вернуј и Сент Марсел.

Се вчитува...