Тошевски му го донесе првиот триумф на Дендер во Белгија

Македонскиот интернационалец Давид Тошевски полека се враќа во голгетерска форма постигнувајќи нов погодок во белгиското првенство, овој пат за триумф на неговиот Дендер на гостувањето кај Антверпен во 15. коло со 1-2.

Македонецот ја затресе мрежата во 50. минута отварајќи го натпреварот, но само десет минути подоцна мораше да го напушти теренот поради повреда.

Ова е втор гол за Тошевски оваа сезона по оној против Вестерло.

Се вчитува...