Тошевски од трансфер вреден 900.000 во Ростов преку бројни позајмица до проба во Крајова

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давид Тошевски во моментов е на проба во романска Универзитатеа Крајова.

Некогаш големиот талент на македонскиот фудбал кој за сума од 900.000 евра реализираше трансфер од Работнички во Ростов, не успеа да се избори за своето европско фудбалско место.

Ростов изминативе години постојано го испраќаше на позајмици во руски Тамбов, Горњик Забрзе во Полска, и словачко Михаловице но никаде на успеа да се наметне, за да сега заврши на проба во Крајова.

„Ќе ни треба нешто повеќе време за да одлучиме дали да го ангажираме Тошевски. Треба да видиме дали ќе ни биде корисен за првенството. Мене не ме интересира кој ги дал головите на пријателски натпревари, туку колку фудбалерите се корисни за стартот на првенството. Ќе дојдат и други фудбалери на проба, па ќе видиме“ – вели тренерот на Универзитатеа Крајова, Ласло Балинт.

Се вчитува...