Тошевски промовиран во дресот на Тирана (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец, Кристијан Тошевски и официјално промовиран во дресот на албанскиот суперлигаш Тирана.

26-годишниот Тошевски е еден од неколкуте првотимци кои го напуштија Вардар ова лето, одлучувајќи се на интернационална кариера. Со Тирана потпиша двегодишна соработка.

Кристијан Тошевски од 2018 година настапуваше за Вардар, а претходно во својата кариера беше дел и од екипите на Тетекс и Пелистер.

Се вчитува...