Тошевски со деби-гол за Шибеник

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давид Тошевски го постигна својот прв гол во дресот на хрватскиот второлигаш Шибеник.

Во 19. коло од Втората лига на Хрватска, Тошевски стрелаше во 88. минута во победата од 3-0 на Шибеник над Сесвете.

Како што е познато, Тошевски во овој преоден рок потпиша за австрискиот бундеслигаш Австрија Клагенфурт, но до крајот на сезонава ќе биде на позајмица во Шибеник, кој се бори за влез во елитната лига на Хрватска.

Се вчитува...