Тошевски со два трансфери во еден преоден рок – По 20 дена во казахстански Атирау, потпиша за Спартак Суботица (ФОТО)

Поранешниот младински репрезентативец Милош Тошевски својата кариера ја продолжува во српскиот Спартак од Суботица.

Интересно, Тошевски на 21. јануари официјално беше промовиран во казахстанскиот прволигаш Атирау, за да по само 20 дена реализира нов трансфер во еден преоден рок потпишувајќи договор до јуни 2025 година со Спартак.

23-годишниот Тошевски, кој игра во средниот ред, претходно во својата кариера има настапи и за Работнички и Земун.

„Дојдов во одличен клуб за афирмација на млади фудбалери кој пред мене нуди широка перспектива и искренува верувам дека ќе ги оправда очекувањата“ – истакна Тошевски на промоцијата во новиот клуб.

Се вчитува...