Тошевски со нов гол, Горњик до осминафинале во полскиот куп

Младинскиот фудбалски ререзентативец на Македонија, Давид Тошевски го постигна и вториот гол во својот нов клуб Горњик Забрже во победата над Слеза Вроцлав од 1-2 во шеснаесетина финалето од полскиот куп.

Гостите поведоа со голот на Саного во 15. минута, додека нашиот интернационалец зголеми на 0-2 во 41. минута. До крајот за издвојување е и црвениот картон кој го доби соиграчот на Тошевски, Гришкиевич во 53. минута, по што домаќините успеаја само да го ублажат поразот на 1-2 со голот на Писарчук во 81. минута.

Тошевски одигра 70 минути, а во 66. доби жолт картон.

 

Се вчитува...