Тошевски: Среќен сум за голот, сакам да продолжам и во првенството на Полска

Македонскиот интернационалец Давид Тошевски, вчера беше стрелец во Купот на Полска со кој му помогна на својот Горњик да помине во следната фаза.

За официјалниот сајт на Горњик, истакна дека посакува да дава голови и во домашниот шампионат на Полска.

„Беше тежок натпревар, но често ваквите натпревари со ривали од пониските лиги на крајот испаѓаат тешки. Тие екипи кои се аутсајдери се многу помотивирани. Среќен сум што успеам да го постигнам вториот гол во Купот. Посакувам повеќе голови и на првенствените натпревари“, рече Тошевски.

Се вчитува...