Тоскиќ: Мило ми е за сите во Вардар, но најмногу за Раул Гонзалес…

Адем Тоскиќ беше дел од првата „генерација“ на Вардар под водство на Сергеј Самсоненко, а српскиот пивот си замина од клубот непосредно пред „црвено-црните“ да почнат да доминираат на европската сцена освојувајќи две титули во ЛШ во период од три години.

„Ако си го вратиш филмот, сигурно дека постои жал за тимот, но којзнае зошто е тоа добро. Овие момци освоија две титули, но беа во многу тешка ситуација. Некои дадоа се од себе за Вардар, а си заминаа од клубот со наведнати глави. Се што се случуваше таму, навистина ми е жал… Три сезони бевме на еден до два гола од учество на Ф4 во Келн, а потоа се им се поклопи откако си заминав. Искрено, мило им е за сите во Вардар, дури 90% од тие играчи настапуваа и со мене“, истакна Тоскиќ во интервју за „Балкан Хендбол“.

Големиот борец како најзаслужен за извонредниот успех го потенцираше шпанскиот стратег Раул Гонзалес.

„Најмногу од сите ми е мило за Раул Гонзалес, многумина се сомневаа во него кога дојде во Вардар, но на сите им покажа за што е способен. Раул е генијалец, вистински показател дека авторитетот се создава на теренот. Кога дојде во Скопје, тоа беше многу „зезната средина“ за работа. Мораше играчите да се насочат во вистински правец, да се создаде единство. Навидум се движеше бавно, но малку по малку тој успеа да го стори тоа. Ја освои титулата во ЛШ и сите ракометари напредуваа како играчи под негово водство. Кога ќе се навратам, немаше ниту еден играч што не напредуваше додека Раул му беше тенер“, вели Тоскиќ.

Се вчитува...