Тотален хаос: Цела управа на Партизан и тренерот Илиќ си поднесоа оставки!

Фудбалскиот клуб Партизан веќе подолго време се соочува со најразлични проблеми, но се чини дека дното е допрено денеска откако целокупната управа на клубот објави дека се повлекува од раководење со „црно-белите“, а заедно со нив си заминува и тренерот Саша Илиќ. Ова следи по катастрофалниот старт на сезоната, во кој Партизан по синоќешниот пораз од Младост се наоѓа на 12. место на табелата (од вкупно 14 екипи), со само четири бода по првите пет одиграни рунди.

Партизан в четврток го игра реваншот од плејофот со Хетафе за квалификации за Конференциската лига, но без оглед на конечниот исход на овој дуел (Шпанците имаат предност од 3-1 од првиот натпревар), управата ќе остане на истиот став.

„По повод актуелната ситуација и резултатите во домашното првенство, одржан е состанок на кој присуствуваа претседателот Расим Љајиќ, генералниот директор Данко Лазовиќ, спортскиот директор Радосав Петровиќ и шефот на стручниот штаб, Саша Илиќ. Како управа ја преземаме целокупната одговорност за остварените резултати и донесена е одлука за колективно заминување од функциите. Членовите на управата веднаш по мечот со Хетафе ќе си заминат од клубот, без оглед на резултатот од тој натпревар. Тренерот Саша Илиќ веднаш по мечот во Лучани си поднесе оставка, но на молба на раководството, исклучиво од чувството на одговорност кон Партизан, прифати да ја води екипата против Хетафе, по што и тој ќе си замине, без оглед на конечнит резултат“, се вели во соопштението на белградските црно-бели.

Се вчитува...