Тотален хаос во Ница: Навивачите се впуштија да се пресметаат со фудбалерите на Марсеј, мечот прекинат (ВИДЕО)

Огромен инцидент се случи на дуелот меѓу Ница и Олимпик Марсеј во францускиот шампион кој беше прекинат во 75. минута, при резултат 1-0 за домаќините.

По бројни провокации од страна на домашните навивачи и фрлени предмети гостинските фудбалери предводени од Дмитри Паје се одлучија да вратат дел од предметите кон навивачите со што беше испровоциран голем инцидент.

Најжестоките ултраси на Ница се впуштија и на терен во обид за пресметка со фудбалерите на Марсеј. Беше предизвикан вистински хаос со интенција и за тешки последици.

Сето тоа, за среќа, беше прекинато со одлуката на судијата да ги испрати фудбалерите во соблекувална со што натпреварот е прекинат. Од Франција се уште нема податоци дали некој фудбалер на Марсеј е повреден.

Се вчитува...