Тотален колапс на Вардар: Пораз во Киелце од 35-25!

Нов убедлив пораз на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите, по оние од Кил и Веспрем, овој пат на гостувањето во Полска од Киелце со 35-25 (17-14).

Од самиот старт домаќините тргнаа агресивно навестувајќи дека се цврсто решени да дојдат до триумф на овој дуел. Па, брзо поведоа со два гола разлика а потоа во континуитет одржувајќи ист ритам стигнаа и до пет гола предност (15-10) во 23. минута од средбата. Сето тоа за финални 17-14 по првите 30 минути.

Во второто полувреме тотален колапс на „вардарци“ кои без Криштопанс во составот беа главно безопасни во нападот. Тоа беше повеќе од доволно Киелце да доминира на мечот за конечна победа од десет гола разлика (35-25).

Голманот Волф со 13 одбрани беше одличан кај домашните, Каралек со шест гола и Карачиќ со пет гола, пак, беа најдобри кај Полјаците. Кај Вардар најефикасен беше Тимур Дибиров со девет гола, Стоилов постигна шест гола а Скубе заврши со пет погодоци.

Во следното, девето коло, Вардар гостува на Брест Мешков.

Се вчитува...