Тотален колапс, па задоцнет финиш на Интер во Фиренца

Стефано Пиоли би можел воопшто да не го дочека крајот на сезонава на клупата на Интер по новиот пораз на „нероаѕурите“, овојпат на гостувањето против Фиорентина со 5-4.

Разочарувањето во таборот на Интер е уште поголемо ако се знае дека по првиот дел резултатот гласеше 1-2 со головите на Перишиќ и на Икарди, но во вториот дел дојде до тотален колапс во играта на поранешниот гигант од Милано. Фиорентина најпрвин во 52. минута не реализираше пенал преку Бернардески, но тоа беше само најава за извонредниот настап на „виолетовите“ во овој дел од мечот, откако домаќините во следните дваесетина минути постигнаа четири погодоци, преку Астори, Вечино и Бабакар (два гола).

Фиорентина имаше водство од 5-2 се до 88. минута, по што Икарди со нови два гола внесе неизвесност во судиското продолжение, но трите бода останаа кај домаќините, додека Интер со овој пораз направи уште еден голем чекор наназад во трката за излрз во фудбалска Европа следната сезона.

Fiorentina vs Inter 5:4 by retista

Се вчитува...