Тотална доминација во Вадуц: По пет 100% шанси, Дарко Велковски за водство на полувремето (ВИДЕО)

Тотална доминација на македонската репрезентацијата на гостувањето против Лихтенштајн во Вадуц во 7. коло од Групата Ј во квалификациите за СП 2022, заокружена со водство од 0-1 по голот на Дарко Велковски во 39. минута.

Ниту пет 100% шанси на офанзивците во тимот не беа доволно да се запишат во листата на стрелците, за да на крајот централниот дефанзивец Дарко Велковски погоди за водство.

А, избраниците на Благоја Милевски со шансите почнаа веќе во 2. минута. Одлична акција на Елмас и Чурлинов, но Трајковски од неколку метри пред голот на домашните не успеа да погоди. Во 12. минута по одличниот центаршут на Алиоски, Милан Ристовски со глава но сантиметри над голот на Лихтенштајн.

Потоа следеа убави обиди од 20 метри на Спировски и Чурлинов, и погодок на Елмас кој беше поништен затоа што пред гол-линијата топката ја зафати Трајковски кој беше во офсајд-позиција. Во 32. минута следи нова 100% шанса откако одлично по левата страна проби Адеми нафрли пред голот на Лихтенштајн каде на вториот дирек Чурлинов ја погодува гредата а топката од гол-линијата отседнува во рацете на домашниот голман.

Во 37. минута нова идеална шанса во која обидот на Елмас со глава завршува само сантиметри од дирекот од домашниот гол, за да конечно водство од 0-1 следи во 39. минута. По корнерот од левата страна, Дарко Велковски најпрво со глава го погодува дирекот, а потоа на вратената топка пред голот на Бухел одлично реагира од неколку метри за водство на полувремето од 0-1.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022 – ГРУПА Ј (7. КОЛО)
ЛИХТЕНШТАЈН – МАКЕДОНИЈА (0-1)
„Рајнпарк стадион“ во Вадуц. Стрелци: Велковски 39′ (М).
ЛИХТЕНШТАЈН: Бухел, С. Волфингер, Малин, Кауфман, Хофер, Гопер, Селе, Волфингер, Хеслер, Фрик, А. Фрик
Селектор: Мартин Стокласа
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски, К. Ристевски, Алиоски, Адеми, Спировски, Елмас, Трајковски, Чурлинов, М. Ристовски
Селектор: Благоја Милевски

Се вчитува...