Тотално фијаско: Арсенал 90 минути не шутна на голот на Ливерпул

Арсенал одигра катастрофален натпревар против Ливерпул, во кој „топчиите“ беа целосно надиграни од противникот и заслужено поразени со убедливи 4-0.

За немоќта на тимот на Арсен Венгер најдобро говори фактот дека Арсенал за 90 минути игра немаше ниту еден единствен шут во рамките на голот на противникот. Алексис Санчез се врати во стартниот тим на „топчиите“ за овој меч, но наместо да ја освежи екипата тој целосно се вклопи во сивилото и беше заменет во второто полувреме.

Само за споредба, Ливерпул го заврши натпреварот со десет удари во рамките од голот на Петр Чех, од кои четири завршија во мрежата на „топчиите“.

STATISTIKA LIVERPUL ARSENAL

Последен пат Арсенал немаше шут на противничкиот гол пред речиси три години, на дуелот со Челси одигран на 5 октомври 2014.

Се вчитува...