Тотенхем без двајца клучни играчи против Ливерпул

Стратегот на Тотенхем, Маурицио Покетино, се соочува со огромни проблеми во пресрет на саботниот дерби дуел со Ливерпул, откако од комбинација за настап денеска отпаднаа двајца клучни првотимци, Хуго Љорис и Деле Али.

Деле Али немаше среќа, се повреди по 20 минути од дуелот со Шпанија. Нема да игра со Ливерпул, најверојатно и со Интер, но повредата не е премногу сериозна. Што се однесува до Љорис, тој ќе мора да оди на нови прегледи, но се надеваме дека наскоро пак ќе застане на нашиот гол“ – изјави Маурицио Покетино, додавајќи дека Хари Кејн е максимално подготвен за настап против „црвените“.

Покрај Али и Љорис, дуелот со Ливерпул ќе го пропушти и Сисоко, кој во секој случај не е стандарден првотимец на лондонскиот клуб.

Се вчитува...