Тотенхем без лек за „клетвата Вембли“

Тотенхем уште еднаш ги разочара своите фанови откако и на третиот натпревар на домашен терен во Премиер-лигата актуелните вицешампиони не стигнаа до триумф. Овојпат „спарси“ против себе го имаа составот на Свонси, кој успеа да одолее на налетите на домаќините во мечот што заврши без голови. И додека „Вајт харт лејн“ беше неосвоива тврдина за ривалите, очигледно е дека Тотенхем има многу посериозни проблеми да стигне до победа на англискиот храм на фудбалот.

По здодевното прво полувреме, домашните фудбалери притиснаа во вториот дел, а најубавата шанса ја пропушти Хари Кејн, кој од пет-шест метри биеше во гредата.

Мора да се истакне и слабата арбитража на судијата Мајк Дин, кој пред самиот крај не досуди чист пенал за Тотенхем покажувајќи играње со рака на Орие иако десниот бек одлично ја смири таа топка со градите.

Се вчитува...