Тотенхем без одговор за „граѓаните“ на Гвардиола

Манчестер сити се надоврза на убедливата победа на Реал Мадрид со нова одлична партија на турнејата во САД, декласирајќи го премиерлигашот Тотенхем со 3-0. „Граѓаните“ го почнаа мечот без неколку стандардни првотимци, но во секој случај делуваа импресивно, со леснотија создавајќи шанси пред противничкиот шеснаесетник.

Дефанзивецот Стоунс го отвори резултатот, а по бројните нереализирани шанси, Сити постигна уште два гола во последните десетина минути преку Стерлинг и Диаз.

Тотенхем ја имаше првата шанса на мечот, кога Едерсон извонредно го запре обидот на Деле Али, а потоа „еден на еден“ ситуација имаше и Хари Кејн, кој биеше над голот.

Manchester City vs Tottenham 3-0 Goals… by imamnugrohovlogs1

Се вчитува...