Тотенхем до триумф во последен миг

Тотенхем ја оствари 17. победа во Премиер – лигата, откако во драматичен меч со пресврт славеше со 1-2 против Фулам на гостински терен. Тимот на Маурисио Покетино постигна победнички погодок преку Хари Винкс во третата минута од судиското продолжение.

Напаѓачот Фернандо Љоренте на овој меч погоди во сопствената мрежа. Тој во 17.минута си постигна несреќен автогол. Израмнувањето за Тотенхем го донесе Деле Али на почетокот на вториот дел, а Винкс беше херојот за триумф на овој дуел.

Се вчитува...