Тотенхем започна нова ера во своето функционирање откако од функцијата претседател на клубот се повлече Даниел Леви. Сега сопствеништвото е префрлено на семејството Луис и т.н. коорпорација „Lewis Family Trust“ која одлучи да вложи дополнителни 100 милиони фунти во клубот.
Според извори блиски на семејството оваа сума е само почетно дополнително финансирање кое се очекува да продолжи и во следниот период со цел Тотенхем да стане стабилен клуб кој секоја сезона ќе се натпреварува за најголемите трофеи во фудбалот.
Од повлекувањето на претседателот Леви, три инвеститори изразија заинтересираност за купување на лондонскиот премиерлигаш. Најконкретен во понудата беше американскиот бизнисмен Бруклин Ерик, кој сепак се повлече од намерата откако му беше соопштено дека клубот не е на продажба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

