Тотенхем договори нов трансфер, има само еден проблем

Раководството на Тотенхем работи напорно на засилување на тимот за наредната сезона, се со цел „спарси“ да бидат далеку покмпетитивни доколку успеат да обезбедат опстанок во Премиер-лигата.

Веќе се договорени деталите за соработка со левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон, а „спарси“ договорија уште еден важен трансфер, на Маркос Сенеси од редовите на Борнмут. Аргентинецот е слободен играч на крајот на летово, долго време се веруваше дека тој е веќе договорен со Јувентус, но ситуацијата се промени од почетокот на месецов, а Тотенхем експресно ги договори условите за овој одличен дефанзивец да му се приклучи на актуелниот освојувач на Лигата на Европа.

Договорите со Сенеси и со Робертсон сепак не се потпишани бидејќи се чека на решавањето на еден голем проблем – премиерлигашкиот статус на Тотенхем. Имено, „спарси“ во случај на испаѓање од Премиер-лигата ќе мора да го намалат сериозно буџетот за плати, што ќе значи и откажување на овие два слободни трансфери.

И Робертсон и Сенеси се согласиле да почекаат и до крајот на сезонава да не преговараат со други клубови, но јасно ставиле до знаење – ако Тотенхем испадне, тие немаат намера да играат во Чемпионшип-дивизијата.

Се вчитува...