Тотенхем го елиминира Арсенал, полуфиналист е и Челси во Лига – купот на Англија

Тотенхем го совлада Арсенал на „Емирати“ со 0-2 и избори пласман во полуфиналето на Лига – купот на Англија. Тимот на Маурисио Покетино поведе со голот на Хјонг – Мин Сон во 20.минута, а дилемите ги разреши Деле Али со погодокот во 60.минута од мечот. По вториот гол на Тотенхем, се случи и инцидент, кога навивач на Арсенал од трибините го гаѓаше стрелецот Деле Али со пластично шише на теренот.

Челси исто така се пласира во полуфиналето на Карабао куп. Еден Азар во 84.минута погоди за минимален триумф (1-0) против Борнмут на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...