Тотенхем го има најмладиот тренер во историјата на Премиер-лигата

На денешниот дуел меѓу Тотенхем и Саутемптон се испишува историја на Премиер-лигата, бидејќи „спарси“ го имаат најмладиот менаџер во историјата на елитното англиско фудбалско друштво.

Лондонскиот клуб реши да му врачи отказ на Жозе Мурињо, а новиот перманентен менаџер ќе биде именуван во текот на летото. Во меѓувреме, на чело на „спарси“ ќе биде Рајан Мејсон, име што ќе остане запишано како најмлад стратег во Премиер-лигата.

Тој на возраст од 29 години и 312 дена го води Тотенхем против Саутемптон, убедливо најмлад менаџер во англиската елита, а интересно е дека Мејсон е помлад од петмина фудбалери кои денеска се стартери на лондонскиот клуб против „светците“.

Се вчитува...