Тотенхем го купува Адриен Силва

Англискиот премиерлигаш Тотенхем е сериозно заинтересиран за ангажман на играчот за врска на Спортинг Лисабон и португалски репрезентативец Адриен Силва. Раководството на „спарси“ е подготвено да плати 26 милиони фунти за да го купи Адриен Силва, а менаџерот Маурисио Покетино се надева дека ќе се вклопи многу подобро од ланското засилување, Муса Сисоко.

Адриен Силва досега има одиграно 20 натпревари за репрезентацијата на Португалија, а единствениот гол го постигна пред неколку дена, во триумфот за освојување на третото место на Купот на Конфедерациите. Тотенхем, наводно веќе ги договорил личните услови со фудбалерот, а сега преостанува трансферот да го реализираат двата клуба со договор околу отштетата.

Се вчитува...