Тотенхем го купува Рос Баркли за 30 милиони фунти

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, сака да ги спои во својот тим Деле Али и Рос Баркли. Би бил тоа одличен тандем, кој наредната деценија треба да биде движечка сила и во средниот ред на англиската фудбалска репрезентација.

Баркли е на излезна врата од Евертон, Роналд Куман му даде и ултиматум да се изјасни до следната седмица дали ќе остане во клубот, а Тотенхем тоа сака да го искористи и да го купи за сума од 30 милиони фунти. Покрај подобра годишна плата, Тотенхем на Баркли може да му понуди и настап во Лигата на шампионите во претстојната сезона.

Се вчитува...