Тотенхем го купува Вилфрид Заха за 45 милиони фунти

Англискиот премиерлигаш Тотенхем тргнува во акција за ангажман на крилниот играч на Кристал Палас, Вилфрид Заха. Менаџерот Маурицио Покетино смета дека Заха би бил одлично засилување за неговиот тим, а претседателот Даниел Леви е подготвен да плати 45 милиони фунти за да го доведе во таборот на „спарс“.

Кристал Палас не сака лесно да се откаже од одличниот офанзивец и веќе ја одби понудата на Челси од 30 милиони фунти, плус Дени Дринквотер. Тотенхем се надева дека сепак оваа сума од 45 милиони фунти ќе биде доволна за да го убеди раководството на Кристал Палас да се раздели со Заха.

Во минатото, Вилфрид Заха дојде како големо засилување и во Манчестер јунајтед, но тотално разочара.

Се вчитува...