Тотенхем го откупи Тел од Баерн Минхен за 35 милиони евра

Францускиот фудбалер Матис Тел, ќе потпише шестгодишен договор со Тотенхем. Тој веќе се договорил со тимот од Лондон, и се очекуваат само формалностите.

Претходно беше познато дека Тотенхем ќе го купи Французинот од Баерн за 35 милиони евра, откако клубот доби 10 милиони евра за претходната позајмица.

Тел одигра 13 натпревари за Тотенхем во Премиерлигата минатата сезона, и постигна два гола. Тој моментално е дел од француската репрезентацијата на Европското првенство до 21 година.

Се вчитува...