Тотенхем го сака Никола Калиниќ, да го надомести отсуството на повредениот Кејн

Англискиот премиерлигаш Тотенхем е во потрага по нов напаѓач кој би дошол во Лондон по итна постапка и би го надоместил отсуството на најголемата ѕвезда Хари Кејн. Тој заработи сериозна повреда на скочниот зглоб и ќе паузира до средината на март, а менаџерот Маурисио Покетино сака да ја зголеми конкуренцијата во навалната линија каде единствен класичен реализатор Фернандо Љоренте. Во составот се уште е и Винсент Јансен, но Покетино јавно објави дека нема да смета на него до крајот на сезоната и му порача да си побара нов клуб.

Никола Калиниќ би дошол како позајмен играч до крајот на сезоната од Атлетико Мадрид. Тој ќе нема многу простор за докажување во тимот на Диего Симеоне, со оглед дека на „Ванда Метрополитано“ пристигнува и Алваро Мората од Челси.

Покрај Кејн, големи главоболки за стручниот штаб на Тотенхем создава и повредата на Деле Али. Играчот за врска заработи повреда на препоните на мечот против Фулам и ќе паузира најмалку еден месец.

Се вчитува...