Тотенхем го смени планот: Не го продава Дејвис

Тотенхем ја одби понудата на Кристал Палас од 8 милиони фунти за страничниот дефанзивец Бен Дејвис и играчот ќе остане во тимот. Дејвис нема голема минутажа кај стратегот Маурисио Покетино покрај Дени Роуз и се засилија шпекулациите за негова продажба, но до такво нешто нема да дојде оваа зима.

Проблемите на тимот од „Вајт Харт Лејн“ во одбранбениот ред, пред се по повредата на Вертонген, кој ќе паузира шест седмици, ги променија плановите на челниците на клубот, кои одлучија да не го продадат Дејвис во овој зимски преоден рок.

После 22 одиграни натпревари, Тотенхем се наоѓа на третото место на табелата во Премиер – лигата, со 46 бода, девет помалку од лидерот Челси.

Се вчитува...