Тотенхем го задржува столбот на одбраната

Јан Фертонген ќе продолжи да го носи дресот на Тотенхем и во новата сезона откако денеска беше активирана клаузулата за продолжување на соработката меѓу белгискиот дефанзивец и лондонскиот премиерлигаш. Актуелниот договор истекуваше на крајот од сезонава, но „спарси“ задоволни од настапите на Фертонген решија да го продолжат за уште една дополнителна сезона.

Белгискиот интернационалец е член на Тотенхем од 2012 година, кога пристигна на „Вајт харт лејн“ од редовите на Ајакс. Тој оттогаш одигра 264 натпревари за овој клуб, а ланската сезона ја одигра во извонредна форма, по што беше избран за најдобар играч во клупскиот избор, како и за најдобар дефанзивец во изборот за „тим на годината во Премиер-лигата“.

Сега пред Маурицио Покетино и управата на Тотенхем е потешкиот дел од задачата, по Фертонген да го „врзат“ и Алдерверелд, кој веќе одби неколку понуди за продолжување на соработката и на крајот од сезонава би можел да си замине како слободен играч.

Се вчитува...