Тотенхем има проблем, Ериксен бара плата колку Кејн

Тотенхем успеа да обезбеди потписи за долгорочни договори со речиси сите клучни играчи, но на Покетино му остана само уште еден проблем, и тоа сериозен – Кристијан Ериксен. Данскиот ас дојде од редовите на Ајакс за 11 милиони фунти и прерасна во еден од најдобрите играчи во Премиер-лигата, но тоа придонесе да пораснат и очекувањата на Ериксен во преговорите за нов договор. Актуелниот истекува во јуни 2020 година, а новиот не е ниту близу до потпис откако Ериксен јасно стави до знаење дека очекува плата иста или во најмала рака слична на онаа што ја зема Хари Кејн.

Голгетерот летово потпиша нов договор, според кој се вклучените бонуси би можел да стигне и до 300.000 фунти неделна плата, а Тотенхем нема намера да му понуди слична сума на ниту еден друг фудбалер. Понудата на лондонскиот клуб изнесувала 150.000 фунти неделно, со бонуси би можело да се стигне и до 200.000 фунти, но ставот на „спарси“ е дециден – Кејн ќе остане далеку пред останатите кога станува збор за платата во следните сезони.

Останува да се види дали некоја од двете страни ќе попушти, бидејќи ако тоа не се случи Ериксен следното лето сигурно ќе си замине, за Тотенхем да заработи на него пред да стане слободен играч. За потсетување, сериозен интерес за данскиот репрезентативец покажаа и Реал Мадрид и Барселона, но Тотенхем јасно стави до знаење дека нема намера да преговара за негов трансфер во теекот на летниот преоден рок.

Се вчитува...