Тотенхем ја доби трката со Челси за Фернандо Љоренте

Шпанскиот интернационалец Фернандо Љоренте доаѓа во Лондон, но не во Челси, со оглед дека беше голема желба на Антонио Конте, туку во редовите на Тотенхем. Шампионот Челси загуби уште една битка во овој летен преоден рок, откако раководството на Тотенхем реагираше побрзо за реализација на трансферот на Љоренте.

Свонси за продажбата на Шпанецот ќе добие сума од 12 милиони фунти, а Љоренте ќе биде одлична алтернатива на Маурисио Покетино за Хари Кејн.

Се вчитува...