Тотенхем ја продолжува битката за Европа, Сити лесно до триумф… (ВИДЕО)

Тотенхем и Вулверхемптон ја продолжуваат битката за последното место кое носи до европски излез следната сезона. Тотенхем во 36. коло славеше на гостувањата против Њукасл со 1-3, додека Вулверхемптон одигра без победник (1-1) против Барнли.

Тотенхем до триумфот од 1-3 против Њукасл дојде со погодоците на Хјунг-Мин во 27. минута и Кејн во 60. и во 90. минута.

Вулверхемптон, пак, ремизираше против Барнли. Со голот на Хименез во 76. минута гостите дојдоа до предност, но Барнли израмни со гол од пенал во 97. минута.

Манчестер сити победи со 2-1 против Борнмут со головите на Силва во 6. минута и Габриел Хесус во 39. минута.



Се вчитува...