Тотенхем, Јунајтед и Ливерпул во редот за Мегваер

Англија е во полуфиналето на Светското првенство, а Хери Мегваер е фудбалерот кој импресионираше со своите игри во селекцијата на Герет Саутгејт. Тој одигра одлично во одбраната, а исто така го постигна и водечкиот гол против Шведска (2-0) во четвртфиналната пресметка. Дефанзивецот на Лестер импресионираше со надмоќта во воздушните дуели и веќе се најавува негов можен трансфер во некој од големите англиски клубови.

Според медиумите на Островот, Тотенхем е најблиску до ангажман на Мегваер, а за тоа е подготвен да плати 30 милиони фунти. Во игра се и Ливерпул и Манчестер јунајтед. Жозе Мурињо го посакуваше Тоби Алдерверелд на „Олд Трафорд“, но сега е импресиониран од игрите на Мегваер и побарал од раководството на клубот да се обиде да го реализира неговиот трансфер.

Се вчитува...