Европски гиганти како Тотенхем, Милан, Глазгов Ренџерс, Базел, Галатасарај…, но и балканските Партизан, Хајдук, се дел од можните противници на Ренова во 2. квалификациско коло за Лигата на Европа.
„Гипсарите“ се на листата неносители пред ждрепката па ќе добијат очекувано потежок противник во втората рунда натпревари. Шкендија, пак, повторно е меѓу носителите па ја очекува нешто полесен противник иако и со можност за дуел со екипи како Сервет, Арис, Олимпија Љубљана, Гетеборг, Хонвед, ЦСКА Софија.
Силекс, пак, во групата на елиминирани национални шампиони е во друштво на 20 екипи, па тимовите пред ждрепката ќе бидат поделени во групи. Меѓу можните противници на Силекс се и Слован Братислава, Астана, шведски Ѓурѓарден.
Ждрепката за 2. квалификациско коло од Лигата на Европа е закажана за 31. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА