Тотенхем му одговори на Реал: Ериксен чини 250 милиони евра

Шпанскиот гигант Реал Мадрид подготвува трансфер – револуција следното лето и создавање на нов моќен тим, но плановите на Флорентино Перез очигледно нема да се реализираат така лесно. Тој го посакува данскиот интернационалец Кристијан Ериксен на „Сантијаго Бернабеу“, но тоа засега е невозможна мисија. Тотенхем одговори дека Данецот чини 250 милиони евра, што секако е неприфатливо за „кралскиот клуб“.

Ериксен треба да биде наследникот на Лука Модриќ, кој исто така од Тотенхем пристигна во Мадрид. Двата клуба имаа голема зделка и за Герет Бејл, но засега Реал Мадрид не може да смета дека ќе го има Ериксен. Сепак, преговорите ќе продолжат, а Флорентино Перез сигурно ќе мора да вклучи најмалку уште еден фудбалер во понудата доколку сака да го реализира овој трансфер по завршувањето на сезоната.

Се вчитува...