Тотенхем нуди 40 милиони фунти за Заниоло

Англискиот премиерлигаш Тотенхем се подготвува за финалето во Лигата на шампионите на „Ванда Метрополитано“, на 1 јуни против Ливерпул, но менаџерот Маурисио Покетино и раководството веќе ги планираат и летните засилувања. Тотенхем апстинираше на трансфер-маркетот изминатиот период, но ова лето лондонскиот тим сака да доведе неколку нови имиња.

Покетино го пикираше младиот играч за врска на Рома, Николо Заниоло. Смета дека одлично би се вклопил во тимот на Тотенхем, а од друга страна сака да се обезбеди и за евентуалното заминување на Кристијан Ериксен. Тотенхем подготвува понуда вредна 40 милиони фунти за ангажман на Заниоло, кој блесна оваа сезона во Рома по доаѓањето од Интер. Одличните игри му го донесоа и признанието за најдобар млад фудбалер во Серија А.

Се вчитува...